Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство 2026, откако вчера во полуфиналето ја победи Англија со резултат 2:1. Во борбата за титулата, противник на Аргентинците ќе биде Шпанија. По натпреварот, капитенот Лионел Меси победата ја посвети на аргентинскиот народ кој минува низ тешки времиња.
“Горди сме и среќни што можеме да им донесеме ваква радост на луѓето. Знаеме колку ни се важни Светските првенства и дека тогаш забораваме на сите лоши работи кои ни се случуваат. Има луѓе на кои им е тешко, немаат работа, не можат да ги завршат месеците или постојано се мачат. Тоа е нашиот живот, тоа отсекогаш ни била судбината”, изјави Меси во микс зоната.
“Да им пружиме ваква радост, повторно да бидеме во финалето на Светското првенство, да влеземе во две финалиња по ред… денес постигнавме нешто величествено. Да бидеме тука до последниот ден, да играме финале, повторно да бидеме меѓу двете најдобри екипи. Последните четири години бевме најдобри и денес повторно покажавме дека ништо не ни беше подарено, туку дека сè сме заслужиле на теренот”, додаде тој.
















