Меси постигна хет-трик за 11 минути и стана најдобар стрелец на Интер Мајами


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси постигна три гола во триумфот на Интер Мајами против Њу Ингланд со 6-2.

Интер Мајами имаше негатива од два гола, но потоа Луис Суарез стрелаше двапати за да израмни пред крајот на првото полувреме (2-2).

Меси влезе во игра во 58. минута, а потоа помогна во постигнување на третиот гол на неговата екипа, додека од 78 до 89 минута погоди три пати за конечен триумф од 6-2.

Аргентинецот со овие погодоци стана најдобар стрелец во историјата на Интер Мајами, а клубот стигна од 74 бодови во сезоната.