Меси „повреден“ играше за Аргентина, мајсторијата на Ди Марија го реши мечот! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативците на Аргентина го совладаа Уругвај со 1-0 во квалификациите за Светското првенство и така стигнаа на чекор до пласман во Катар.

„Гаучосите“ го постигнаа победничкиот гол преку Анхел Ди Марија, но мечот го одбележа и тоа што Лионел Меси играше „повреден“ на натпреварот.

Аргентина по 12 одиграни меча во квалификациите има 12 бода повеќе од петтопласираната Колумбија, како и еден меч помалку.

Сепак, во Европа на многумина им е интересно што во последните 15 минути од дуелот беше и Меси, кој ги пропушти претходните натпревари на ПСЖ поради повреда.

Можеби Меси ќе добие поголема минутажа против Бразил, а останува да видиме реакција од францускиот гигант.