Меси сака да избега од ПСЖ и да се врати во Барселона – тато, спаси ме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ почна да се распаѓа во елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) од Реал Мадрид, иако имаше големо водство, но потоа Карим Бензема со хет-трик ги расплака парижаните.

Навивачите на ПСЖ не се среќни, па ги навредуваа ѕвездите на тимот, а од нив не избега ниту аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси за првпат во кариерата беше нападнат од навивачи на тим за кој настапува. Аргентинецот долго време не е среќен во Париз, па сака да си замине и да се врати во Барселона, каде што играше во минатото.

„Таткото на Меси, кој е негов менаџер, пред неколку дена ја контактирал управата на Барселона и сакал да разговара за враќање на Лео на ‘Камп Ноу’“, пишува новинарот Жерар Ромеро, кој ги следи вестите во Ла Лига.