Меси со хет-трик го надмина и легендарниот Пеле 🎥


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Фудбалерите на Аргентина ја совладаа Боливија со 3-0 во продолжение на квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар, а Лионел Меси на мечот постигна хет-трик.

Капитенот на Аргентина со 79 гола стана најдобар стрелец меѓу јужноамериканските селекции, па сега има два гола повеќе од легендарниот Пеле, кој за Бразил постигна 77 гола.

Светскиот рекорд го држи Кристијано Роналдо, кој има постигнато дури 111 голови за репрезентацијата на Португалија.