Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Аргнетина синоќа во 1/4 финалето на Копа Америка ја совлада Венецуела со 2-0.
Аргентинците на овој начин се пласираа во полуфиналето, каде ќе го гледаме најголемото дерби во јужноамериканскиот фудбал.
Секако, во полуфиналето ќе играат Бразил и Аргентина, а оваа средба е на распоред во ноќта во вторник спрема среда во 2.30 по наше време.
Иако Аргентинците синоќа успеаа да дојдат до победа од 2-0, повторно не брилијираа баш многу. Но, после мечот капитенот на овој тим Лионел Меси изјави дека верува оти екипата допрва ќе го покажува најдоброто од себе.
„Сите учесници силно посакуваат да ја освојат Копа Америка и сите имаме иста цел. Она што можам да кажам е дека терените се многу лоши и срамота е вакво натпреварување да се игра на такви лоши терени. Бразил? Тешко е да се каже кој ќе биде фаворит. Знам дека сеуште не сте го виделе нашето најдобро издание, кое допрва следи“, изјави Меси и се осврна на селекторот Лионел Скалони.
„Скалони не обедини, навистина се чуствуваме и се однесуваме како вистински тим и на тренинзите и на натпреварите. Многу добро знаеме каква репрезентација е Бразил и имаме почитување спрема нив, но се надеваме на добар резултат и поминување во финалето.. Скалони има и предности и мани, баш како и секој селектор на Аргентина до сега, баш како и секој човек на светот. Не е лесно да си тренер на оваа репрезентација“.