„Меси треба да биде нов тренер на Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез го напушта тренерското столче на Барселона на крајот на сезоната, а веќе неколку имиња се поврзуваат со кормилото на каталонскиот гигант.

На оваа тема разговараше и поранешниот член на Тотнем и Ливерпул, Дени Марфи кој кажа дека Барселона треба да го ангажира Лионел Меси за нов тренер.

„Јас би го поставил Меси за нов тренер на Барселона. Навивачите ќе го прифатат тоа. Мислам дека нема да запре и кога станува збор за тренерската работа“, вели Марфи.