Меси тргна да се пресмета со противниците, паднаа еден куп пцовки! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентина славеше против Боливија во Ла Паз со 2-1 и така со два триумфи ги отвори квалификациите за Светско првенство во Катар во 2022 година.

Аргентина победи со пресврт благодарение на головите на Лаутаро Мартинез и Коре, а по мечот имаше инцидент на теренот.

Се создаде голема гужва на теренот, а во центар на внимание беше Лионел Меси, кој имаше што да му каже на капитенот на противникот.

Меси тргна да се пресмета со членовите на репрезентацијата на Боливија, па паднаа многу пцовки од сите страни.

По кратка расправија, тензијата на теренот се смири, а Меси и сонародниците го прославија триумфот.