Меси влезе од клупа и со генијален потег донесе победа за Интер Мајами (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е најголема ѕвезда во МЛС-лигата и тоа повторно го докажа при настапот за Интер Мајами во победата кај Њујорк Ред Булс.

Меси влезе од клупа и одигра 31 минута на теренот, а тоа му беше доволно да направи нова магија и да постигне гол.

Аргентинецот на неверојатен начин му додаде на Кремашчи, кој му ја врати топката за Меси без проблеми да ја испрати во мрежата на Њујорк Ред Бул.

Меси стигна до 11 голови на девет натпревари за Интер Мајами во сите натпреварувања.