Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси конечно даде интервју за „Франс Фудбал“ во кое ја отвори душата и раскажа што се случувало пред да замине од Барселона, каде што мислел дека ќе остане до крајот на животот.
Меси раскажа дека не очекувал да замине од Барселона, односно сметал дека е потребен само уште неговиот потпис на договорот за да остане, но не било така.
„Барса излезе со соопштение во кое се велеше дека не можам да останам. Во тој момент почнав да се преиспитувам дали ќе можам да се вратат на своите фудбалски активности, дали ќе можам да изберам тим кој ќе се вклопи во мојата кариера. Искрено, во ниту еден момент не помислував дека ќе морам да си одам. Дојдов на тренинзи по одморот, а потоа ми кажаа дека не можам да останам. Бев очаен, признавам дека никогаш во животот не можев да се замислам во друга соблекувална“, кажа Меси.
Аргентинецот открива дека имал многу понуди, но најбрзо се договорил со ПСЖ, каде што игра во моментов.
Добив и други понуди, но мора да признаам дека преговорите со ПСЖ беа лесни и брзи. Бев воодушевен од проектот, амбициите на клубот и играчите и сето тоа ми го олесни изборот. Благодарен сум му на ПСЖ кој ме почитуваше и се грижеше за мене од првиот ден. Покажа дека навистина ме сакаат во нивниот тим и сега сум среќен што сум тука“, открива Аргентинецот.