Меси за малку ќе беше трагичар, Мартинез ја спаси Аргентина на пенали (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Аргентина по голема драма го совлада Еквадор на пенали во четвртфиналето на Копа Америка, а херој на „гаучосите“ беше голманот Емилијано Мартинез.

Лисандро Мартинез го отвори резултатот со гол во 35. минута, но во втората минута од судиското надополнување Кевин Родригез погоди и го спаси Еквадор за момент.

Во пенал-рулетот Лионел Меси не беше прецизен и за малку ќе беше трагичар, но за негова среќа Мартинез беше одличен на голот.