Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако на терен не му оди, Месут Озил одличи да ги коментира случувањата во Кина, каде врз муслиманите се врши тежок терор.
“Во Кина ги палат Кураните, џамиите се затворени, теолошките школи се забранети. Верските учители се убиваат еден по еден и покрај се, муслиманите молчат. Зарем не знаат дека прифаќањето на прогонувањето е и прогонување? Ама, Мухамед вели ‘Ако не можете да го спречите прогонот, говорете гласно”, изјавил Озил.
Во Кина после ова се забрани да се гледа натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, а Озил се соочи со нов проблем.
Како што пренесува Давид Орнштеин неговата навивачка група која брои околу 30 илјади регистрирани навивачи е затворена.
Исто така во Кина неговото име е забрането, а Арсенал се огради и од неговите коментари, т.е. од клубот јавно искажале дека не сакаат да се мешаат во политичките односи, како и дека во прашање е лично мислење на Озил.
Месут Озил на овој начин го избра моралот и моралните вредности пред парите, бидејќи е очигледно дека знаел што ќе се случи, па не сакал да молчи.