Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Месут Озил (31) многу брзо ќе ги напушти редовите на Арсенал
Кариерата на 31-годишниот фудбалер ќе продолжи во редовите на Фенербахче, каде до крајот на годинава ќе игра како позајмен играч, а истанбулскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор.
Спортскиот директор на Фенербахче, Даниел Комоли во Лондон се очекува да допатува до крајот на неделата за да го заврши преговарањето со Арсенал, а Озил наводно ги договорил личните услови со Фенер.
Така Озил по прв пат ќе заигра во земјата од каде потекнува. Порано настапувал за Шалке, Вердер и Реал Мадрид, а од 2013. година е член на Топџиите.