Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Њукасл, Мет Ричи смета дека неговиот соиграч Џонџо Шелви лесно би можел да заигра за еден од најдобрите европски тимови.
Шелви е еден од најдобрите играчи на Њукасл, а во клубот дојде од Свонси во 2016 година. Дел од кариерата помина и во Ливерпул, но на „Енфилд“ се мачеше и брзо си замина од клубот.
„Неколку пати му имам кажано. Ако се фокусираше само на фудбалот, а не и на голфот и се друго…. Луд е, игра голф три пати неделно, а јас му викам: „Џонџ, не можеш да го правиш та“, а тој дговара: „Не, не , така се чувствувам подобро“. А каков играч е тој…Во Њукасл сум четири години, а мислам дека не го имам видено повеќе од десет пати „во круг“ на тренинг, а тоа го играме секој ден. Тоа момче има природна соспобност да гледа пасови, да прими топка и да ја додаде. Се сеќавам на него уште од младинскит е категории. Често му велам :„Ако ја држеше главата на рамената, би можел да играш за Барселона“. Толку е добар, кратки пасови, долги пасови, тој го отвора теренот и креира. Ако играше за Барса или Реал, сигурен сум дека ќе воодушевеше многумина“ –изјави Мет Ричи.