Мхитарјан полуде од бес по поразот од Ливерпул: Ако ова е пенал, тогаш… (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Интер, Хенрик Мхитарјан, не ја криеше својата лутина по поразот од Ливерпул. Досудениот пенал на “Меаца” го нарече престрог и неправеден. Ерменскиот фудбалер тврди дека натпреварот морал да заврши нерешено.

Пеналот досуден во дуелот помеѓу Интер и Ливерпул се уште е главна тема во шестото коло од Лигата на шампионите. Одлуката на судијата, по која “Црвените” го постигнаа единствениот гол на натпреварот, ја разбранува италијанската јавност.

Ни Хенрик Мхитарјан не ја криеше фрустрацијата поради одлуката која, според негово мислење, го одлучи натпреварот. Интер беше рамноправен, но остана без награда.

Мхитарјан отворено рече дека никогаш не би досудил таков пенал.

“Ако досудите пенал за ова, тогаш секој контакт во шеснаесетникот е пенал.”

“Беше тоа изедначен натпревар, никој не заслужи победа. Најправедно ќе беше нерешено. Пенал не постоеше, но тоа е фудбалот. Не сме среќни”, кажа Мхитарјан.

.