Миделсброу пред најголемото засилување ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алваро Негредо ова лето би можел да стане играч на Миделсброу.

Валенсија и Миделсброу се во преговори за Алваро Негредо.

Напаѓачот кој не се прослави минатата сезона во Валенсија се наоѓа на излезни врати од шпанскиот клуб, а Миделсброу е тимот кој покажува најголем интерес за неговите услуги.

Аитор Каранка, тренерот на Миделсброу, е Шпанец па не е чудо што неговиот сонародник го сака во Миделсброу. Најверојатно двата клуба ќе се договорат за позајмица на Негредо. Негредо веќе има искуство со играње во Премиер лигата, играше за Манчестер Сити во сезоната 2013/2014.

Претходните две сезони за Валенсија на 55 натпревари постигна 10 погодоци.