Михајловиќ создава страшен Торино: Стигна и стопер од Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синиша Михајловиќ работи одлична работа на почетокот на кариерата во екипата на Торино.

После што неправедно е “избркан“ од екипата на Милан, го превзеде Торино и со големи амбиции влегува во новата сезона.

Додеве неколку свои миленици, а во подготвителниот период одлично го постави својот тим.

Денеска доби и ново засилување, и тоа поранешен фудбалер на Рома. Се работи за Леонардо Кастан кој пружеше солидни партии во Рома.

За Волчицата настапи 70 пати и постигна еден гол. Се работи за дефанзивецот кој најдобро се снаоѓа на позиција стопер.