Мик Шумахер го напушта Мерцедес: Благодарен сум на целиот тим!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Мерцедес во Формула 1 објави дека резервниот возач Мик Шумахер ќе го напушти тимот на крајот од годината.

„Благодарен сум на Тото Волф и на целиот тим на Мерцедес за искуството што го стекнав во последните две години. Без сомнение ме направија поискусен возач бидејќи ги запознав во поголема мера инженерските страни. Сакам да се вратам на целосна концентрација на тркањето. Сакам да бидам целосно посветен на спортската страна на мотоспортот“, рече Шумахер.

Шумахер пред да се приклучи на Мерцедес возеше за екипата на Хас во шампионатот на Формула 1.