Милан ја продолжува соработката со Пулишиќ до 2029 година


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ постигнал договор со италијанскиот клуб Милан и ќе остане на „Сан Сиро“ уште четири години.

Како што наведува „Газета дело Спорт“, 26-годишниот офанзивен играч се согласува на новиот договор кој истекува во јуни 2029 година.

Со новите услови, Пулишиќ ќе има зголемување на платата која сега ќе изнесува пет милиони евра годишно, наместо претходните четири.

Овој потег го заслужува поради одличните настапи. Како водечки стрелец на Милан оваа сезона, постигна 16 гола во 45 натпревари од сите натпреварувања.