Милан бара помош од Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат вест дека Росонерите сакаат да го доведат младиот дефанзивец на позајмица.

Со доаѓањето на Мехди Бенатија во Јуве беше знак за управата на Милан да реагира и да побара од Старата дама да го пушти на позајмица Даниеле Ругани со опција за откуп на крајот на сезоната.

Ќе биде пеколна конкуренцијата во последната линија во тимот на Алегри во наредната сезона бидејќи на позицијата стопер тука е веќе пеколните Барзаљи, Киелини и Бонучи, па Росонерите ќе пробаат да одиграат на таа карта и да ја засилат дефанзивната линија со младиот Ругани.

Ова е наводно „план Б“ на Милан, т.е алтернатива доколку не успеат во намерата да се доведе Матео Мусачио од Виљареал, но Виченцо Монтела сепак сака последниот бедем од неговиот ти мда го сочинуваат тандемот од младата репрезентација на Италија, Ромањоли – Ругани.

Јувентус лесно ги одби понудите од Арсенал и Наполи за Ругани, тоа беше пред доаѓањето на Бенатија од Баерн, но тешко е да се очекува дека Мароканецот ќе го промени ставот за продажба на талентираниот дефанзивец.

Инаку, цената на Ругани на пазарот во овој момент е околу 30 милиони евра.

Potential Juventus defensive depth for 2016/17…

A photo posted by The Sport Bible (@thesportbible) on