Милан доби добри вести: Тројца фудбалери го победија ковид-19, меѓу нив е Донарума! ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тим Милан, кој е лидер во Серија А, потврди дека тројца од нивните фудбалери успешно оздравеле од коронавирусот.

Последните тестови кои ги направи италијанскиот тим покажаа дека тројца играчи не се повеќе заболени и ќе може да се вратат на тренинзи.

Џанлуиџи Донарума, Питер Хауге и Матео Габија успешно го победија вирусот, но најверојатно нема да бидат достапни за натпреварот против Удинезе в недела од 12.30 часот.