Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми вчера објавија дека Милан на листата со желби го има македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој го гледа како идеална замена за Хакан Чалханоглу, кој се пресели во Интер пред неколку недели.
Меѓутоа, Милан доби конкуренција од Серија А и станува збор за Торино, кој го посакува македонскиот репрезентативец, но немал доволно пари за да го купи Барди од Леванте.
Леванте бара најмалку 15 милиони евра за услугите на македонскиот фудбалер, па сега Торино бара начин како да ги задоволи апетитите на шпанскиот тим.
Леванте се соочува со финансиски проблеми, а со продажба на Барди би ги покрил сите долгови и ќе го помине успешно финансискиот фер-плеј.
Засега никој нема испратено официјална понуда до Леванте за потписот на македонскиот фудбалер, но такво нешто се очекува во следниот период.