Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Самјеле Ричи ќе биде новиот фудбалер на Милан, прашање е само на време.
Италијанскиот среден фудбалер е на прагот на овој клуб, а росонерите ќе мора да платат значителна сума за овој фудбалер.
Според информациите од “чизмата”, Милан ќе плати во касата на Торино 25 милиони евра, плус бонуси.
Овој 23-годишен фудбалер постигна еден гол и додаде две асистенции во минатата сезона на 36 натпревари за Торино. Покрај тоа, треба да се напомене дека е репрезентативец на Италија, имајќи предвид дека дебитираше пред три години кога селектор беше Роберто Манчини и од тогаш има собрано 10 настапи.
На средината на теренот би можел да игра заедно со Лука Модриќ, а интересно е што Гранит Џака беше првата опција за росонерите, но трансферот се искомплицира, барем засега.
Фото: Принтскрин