ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Милан го доведе Серџо Консеисао на тренерската позиција, а Португалецот посакува засилување од неговиот претходен клуб – Порто.
Според Газета дело Спорт, Консеисао сака крилен напаѓач, Пепе, кој го донесе од Гремио во Порто, летото 2021 година за 15,5 милиони евра.
Пепе не е млад играч, има 27 години, но Консеисао смета дека би бил од голема помош бидејќи може да игра на обете крилни позиции.
Тој за Порто одигра 170 натпревари, постигна 24 гола и забележа 30 асистенции.
Но, освен Пепе, Консеисао го посакува и Антонио Силва, 21-годишниот стопер на Бенфика. Милан понуди пет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, со опција за купување на лето за дополнителни 25 милиони, што Бенфика го одби, но чека нова понуда од “росонерите”.
Трет на листата на желби е Рандал Коло Муани, напаѓачот на Пари Сен Жермен кој е на излезните врати од “Паркот на кнезовите”. Французинот има и бројни понуди од Премиер лигата, па Милан ќе има тежок предизвик да го донесе оваа зима.
Се на се, Серџо Консеисао засука ракави и сака да го врати Милан таму каде што му е местото, но јасно е дека му се потребни и засилувања.