Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стопер, двајца офанзивни играчи за врска и напаѓач се зделките на кои се работи, а на излезните врати се Бака и Адријано.
Милан се растрча на сите страни, по потрага за засилувања, но плановите на Галијани сеуште не функционираат како што е замислено.
Засега на Сан Сиро дојде само напаѓачот на Пескара Џанлука Лападула. Оскудно за очекувањата кои се поставени пред челниците на Росонерите.
Најголема желба во овој преоден рок беше Марко Пјаца од Загреб
ски Динамо.
Галијани отиде во Загреб каде што склучи договор со Мамиќ , доби и „да“ од играчот и неговиот менаџер, но тогаш се вклучи и Јувентус, па Пјаца даде приоритет за трансфер во редовите на италијанскиот шампион. Младиот Хрват се договори со Старата дама, но таа не се договори со Динамо и тоа е причината што Росонерите и понатака се надеваат на одличниот хрватски репрезентативец.
Мамиќ може да оптегне на страната на Милан кој прифати да ги плати бараните 23 милиони евра, но ако Јувентус ја израмни понудата тогаш се е готово и Пјаца оди во Јувентус.
Поради тоа што Хрватот е се подалеку, Милан во последните денови целосно се фокусира на Пјотр Зјелински од Удинезе. Полјакот претходните две сезони ги помина на позајмица во Емполи и воодушеви многу клубови.
Јирген Клоп го брка веќе со месеци, се договорија со него се, но Ливерпул не достави соодветна понуда до Удинезе.
Потоа Наполи се договори со Удинезе за 14 милиони евра, а тогаш Милан ги надмина и едните и другите. Росонерите синоќа постигнаа договор со Удинезе вреден меѓу 18 милиони и 19 милиони евра. Во петок е закажан состанок меѓу Галијани со агентот на играчот. Ако Зјелински прифати, Монтела ќе го добие бараното засилување…
Во последните денови Галијани два пати патуваше и во Шпанија со цел да го капира аргентинскиот стоперт Матео Мусачио. Договор со играчот е постигнат, тој сака во Милан, а пополека омекнува ставот на Виљареал кој во претходните денови не сакаше да оди под 30 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека трансферот може да се заклучи до крајот на неделата за 22 милиони евра.
Третото засилување на кое Милан работи во последните неколку дена е Хозе Соса. Аргентинскиот играч за врска од Бешикташ кој порано играше за Баерн, Наполи, Атлетико Мадрид. Во корист оди и нестабилната безбедноста ситуација во Турција.
Соса сака тоа да го искористи и во отворено писмо во јавноста наведе дека страв од терозизам е причината за преселба на Сан Сиро.
Аргентинецот одби да се појави на почетокот на подготовките и врши притисок на Турците да го продадат. Проблем е што Милан не нуди повеќе од 4 милиони евра, а Бешикташ бара дупло повеќе. Сепак, кога играчот е незадоволен, сепак обично ќе го истера своето.
Списокот на засилувања ќе биде заклучен со уште еден напаѓач. Галијани има три опции. Првата желба е Леонардо Паволети од Џенова, а добрите односи со Прециози може да ја забрзаат работата. Друга опција е Маноло Габијадини од Наполи, но тој чини прескапо 25 милиони и го сакаат уште Интер и Вест Хем, а трето решение е Един Џеко кој Рома едвај чека да се реши.
Со доаѓање на споменатите засилувања значи и заминувања. Карлос Бака е на излезните врати од Сан Сиро. Понудата од Вест Хем е прифатена, но Колумбиецот затегнува околу платата.
Бара 4 милиони по сезона, Вест Хем нуди 4 милиони годишно. Втора опција е Атлетико Мадрид.
На прагот од заминување е и Луис Адријано за кој заинтересиран е Зенит. Клучот на трансферот е поранешниот тренер на Адријано од Шахтјор Мирчеа Луческу кој го превзеде Зенит. Истотака, го сака и Галатасарај.