Милан ги запре преговорите со Донарума, се чека реакција од Рајола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан ги запре преговорите со Џанлуиџи Донарума за нов договор. Уште е отворено прашањето за иднината на младиот голман, а според новинарот Џанлука Ди Марцио преговорите ќе почекаат.

И покрај тоа, водството на „росонерите“ смета на голманот кој ветува и се надеваат дека ќе потпише нов договор во следните три-четири месеци, иако во меѓувреме се појави информација дека клубот пронашол замена за Донарума. Наводно, замената требало да биде Предраг Рајковиќ, кој брани за Ремс во Франција.

Сепак, навивачите на Милан се надеваат дека Донарума ќ остане, но останува да видиме дали Милан ќе ги задоволи барањата на неговиот агент Мино Рајола.