Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така можеби може да се опиша убедувањето кое траеше во овие денови во Милан. Одличен натпревар против Баварците…
Поради болест, а тогаш и поради процедурални работи конечната продажба на Милан е уште еднаш одложена, за првата половина на август.
Преодниот рок трае, Милан брка слободни играчи, нема пари за засилувања. Адријано Галијани чека некој да плати меѓу 25 и 30 милиони евра за Бака, заинтересирани има, но Колумбиецот чека, го одби Вест Хем, сака во Атлетико Мадрид или Наполи.
Во меѓувреме, Галијани го моли Берлускони како проштален подарок да издвои 20 милиони евра, со цел клубот да има некој буџет за преодниот рок.
Газдата Силвио практично се прости од Милан, медиумите пишуваат дека сега веќе е незаинтересиран бидејќи разделбата се приближи, па тешко ќе ја ислуша молбата. Тој, судејќи по се ќе го продаде комплетното сопствеништво, не само мнозинскиот дел што се претпоставуваше, ќе биде почесен претседател, но таа е протоколарна функција.
Галијани веќе договори доаѓање на Матео Мусачио од Виљареал за околу 25 милиони евра, Аргентинецот чека Бака да биде продаден.
Останува да тргне на слободни играчи како Арбелоа, како и позајмици, Росонерите го сакаат Арда Туран од Барселона.
Милан ноќеска инаку на пенали го совлада Баерн во Америка, беше 3:3 после одлични 90 минути. Нианг го доведе Милан до предност, Алаба и Рибери направија пресврт. Возбудувањата продолжија кога Бертолачи и Кучка повторно ги доведоа Италијаните до 3:2, но после прекршокот над Бернат, Баерн од белата точка преку Рибери ги постави конечните 3:3.
Во пенал серијата Донарума остана несовладан против Рафиња, сите останати стрелци беа сигурни па Миланистите на крајот славеа победа.