Милан го потврди првото засилување во јануари (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Милан почна со трансфери во јануари и веќе го ангажира првото засилување, а станува збор за Филипо Терачано.

Терачано доаѓа од Верона, а може да игра како стопер, но и крилен бек на двете страни на теренот.

Милан потврди дека го купил Терачано за 4,5 милиони евра, а Верона би добила уште 1,5 милиони преку бонуси.