Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Лука Модриќ ги игра последните минути од трофејната кариера за Реал Мадрид. Моментално се наоѓа во Соединетите Американски Држави каде што учествува на Светското клупско првенство, а по завршувањето на натпреварите, Модриќ ќе стане слободен играч. Светските медиуми и фудбалските инсајдери пишуваат дека потоа ќе потпише договор со Милан.
Реал на СП за клубови стигна до полуфиналето и сега го чека натпреварот против Борусија Дортмунд. Ако се пробие во финалето и го победи противникот, Реал ќе добие уште една титула, а Модриќ ќе ја зголеми својата колекција на трофеи кои ги освои во Мадрид. Тој е рекордер на клубот со 28 трофеи. Потоа ќе го напушти Мадрид, чиј играч е од 2012 година.
Тоа што би требало наскоро да следи е неговото потпишување на договор со Милан. Неизвесно е дали наскоро 40-годишниот Модриќ ќе потпише за една или две сезони, но се знае што ќе носи на себе ако стане играч на Милан. Италијанскиот клуб денес го објави изгледот на гостинскиот дрес за новата сезона.
THE DEVIL IS IN THE DETAILS 😈
— AC Milan (@acmilan) July 3, 2025
Introducing the 25/26 @pumafootball x AC Milan away kit. Out now.#SempreMilan pic.twitter.com/yRkaDEYLqr
Фото: Принтскрин