Милан и Интер го претставија планот за новиот „Сан Сиро“


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер направија важен чекор кон изградба на нов стадион со претставувањето на детално досие пред градските власти на Милано.

Централниот дел од проектот се состои од нов стадион со капацитет од 71.500 места, чија изградба би требала да чини околу 700 милиони евра. Но, освен самата арена, планот вклучува и сеопфатно уредување на околната територија, која ќе биде претворена во мултифункционална спортска зона.

Според тековниот план, новиот стадион треба да биде завршен до 2031 година, со што Милано ќе добие еден од најсовремените фудбалски објекти во Европа.