Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Милан, Паоло Скарони денеска кажа дека е почната процедурата за рушење на легендарниот стадион „Сан Сиро“. Милан и Интер се договориле да го урнат стадионот и да него да изградат помодерен.
Скарони денеска за „Газета дело Спорт“ кажа дека процедурата е почната и дека чекаат дозвола од градот Милано за да почнат со реализација на проектот.
„’Сан Сиро’ ќе биде урнат и на тоа место ќе направиме нов стадион. И управата на Интер е за таква опција. Сепак, процедурата е комплицирана. Би било убаво да го отвориме стадионот за Зимската олимпијада во 2026 година’, кажа Скарони.
Милан и Интер во претходните години ја разгледуваа истата опција, но тие имаа и проекти за сопственици стадиони. Сепак, некако успеале да се договорат, па сега заедно ќе градат модерен стадион.