Милан и Интер не сакаат да играат натпревари надвор од Сан Сиро


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Вчера, претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, уште еднаш потврди дека работи напорно за да го врати фудбалот на Апенините.

Гравина прави се од себе за да ја продолжи сезоната во Италија кон крајот на мај или почетокот на јуни, а со оглед на тоа дека пандемијата на коронавирус полека опаѓа, враќањето на фудбалот во Италија се чини дека е близу.

Тој најави дека може да се играат натпревари надвор од градовите во северна Италија (Милано, Бегамо, Бреша или Кремона), а во тој случај нивните натпревари би биле преместени во централниот или јужниот дел на земјата.

“Целиот систем ќе има корист од продолжението на сезоната. Многу е веројатно натпреварите да не се играат на северот на земјата.

Сепак, предлогот да се игра на различни стадиони не е прифатлив за екипите на Интер и Милан. Тие нема да гласаат за ваква опција, според „Газето Дело Спорт“ тие не сакаат да играат надвор од Сан Сиро и тоа би можело да биде проблем.

Исто така, некои клубови се жалат за правилото од пет замени кое ќе биде воведено на еден натпревар. Во тој случај, Јувентус, Наполи, Аталанта, Интер и Рома наводно би имале предност затоа што нивните екипи биле изградени за куп натпревари и главниот противник на ова е Лацио.

Римскиот тим се бори да ја добие титулата. Тие дури се заканија со тужби доколку сезоната не продолжи и сметаат дека ја освоиле титулата, иако на табелата се зад Јувентус.