Милан испратил понуда за Елмас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан испратил понуда од 35 милиони евра за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Наполи.

Турскиот новинар Танер Караман објави дека понудата е испратена во Неапол и сега се чека повратен одговор од тимот на Елмас.

Елмас го засили Наполи пред три години за 16 милиони евра од Фенербахче, а во претходните денови се појавија шпекулации дека сакал да си замине доколку не добие поголема минутажа од тренерот.

Засега не е познато колку пари ќе бара Наполи за Елмас, но наводно претседателот на тимот, Аурелио Де Лаурентис би прифатил понуда од 35 до 40 милиони евра.