Милан ја продолжи „црната“ серија – загуби и од Јувентус (ВИДЕО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Милан повторно киксна во италијанската Серија А, откако на гостувањето во Торино загуби од Јувентус со 1-2, па сега ги очекува голема борба за пласман во топ-4 на табелата.

Милан тргна многу добро во мечот, па Криштоф Пјонтек ги израдува поддржувачите на „росонерите“ во 39. минута, откако искористи грешка на одбраната на „бјанконерите“ и ја затресе нивната мрежа за 1-0.

Сепак, во второто полувреме, Јувентус знаеше како да ги искористи своите шанси, па голот за израмнување пристигна во 60. минута, кога Пауло Дибала од пенал погоди за 1-1.

„Росонерите“ не се откажуваа, но Мојс Кин ја „тероризираше“ одбраната на Милан, па во 84. минута погоди за конечни 2-1 и му донесе големи три бода на Јувентус.

Јувентус останува на првата позиција, па може да се каже дека веќе ја одбраниле титулата, зашто имаат 21 бод повеќе од второпласираниот Наполи, додека Милан ќе се бори до крајот на сезоната за позиција во топ-4 бидејќи во моментов имаат 52 бода, односно еден повеќе од петтопласираната Аталанта.