Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан веќе размислува на засилувања во зимскиот и летниот преоден рок, а едно од потенцијалните пронајдоа на „Енфилд“, кај англискиот гигант Ливерпул.
Напаѓачот Дивок Ориги не добива голема минутажа, иако досега многупати ги спаси „црвените“ и им донесе победи, па тоа сака да го искористи Милан и да го добие целосно бесплатно.
Ориги минатото лето беше на праг да го напушти тимот на Јирген Клоп, но Ливерпул бараше 10 милиони фунти за неговиот потпис.
Одличниот фудбалер од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните страни, па доколку не замине во првиот месец од следната година, тогаш тоа дефинитивно ќе го направи наредното лето.
📰 TMW: #ACMilan register interest in signing Liverpool striker on expiring contracthttps://t.co/KJFBaCFHli #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) December 12, 2021