Милан ќе го продаде Ребиќ за да отвори простор за Елмас!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот европски и италијански шампион Милан сезонава повторно се бори за Скудетото, а веќе размислува на засилувања ова лето. На списокот со желби на Паоло Малдини е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, па се прават планови како да се добие неговиот потпис.

Малдини зборувал со колегите од Неапол и дознал дека ќе мора да плаатат 35 милиони евра, односно двојно повеќе од тоа што Наполи го купи Елмас во 2019 година на Фенербахче.

Милан планирал да го продаде Хрватот Анте Ребиќ за да отвори простор во екипата за Елмас, а дури постои опција да го испратат во Наполи, кој летово ќе остане и без Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс.

Проблем може да биде тоа што Наполи нема да сака да се откаже од Елмас, кој сезонава ги одигра сите 38 меча за екипата, а има договор со тимот до 2025 година со годишна плата од 1,5 милиони евра.