До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Mладиот напаѓач на францускиот прволигаш Анже Сидик Чериф (19) е чекор до трансфер во редовите на Милан, пренесуваат француските и италијански медиуми.
Чериф е физички силен напаѓач, висок 195 см, тежок 84 кг, и подеднакво квалитетно игра со двете нозе.
Роден е во Гвинеја, но живее во Франција од својата петта година. Француските медиуми наведуваат дека Анже нема да го пушти за помалку од 25 милиони евра.
Се наведува дека Милан го „лови“ веќе подолго време, но во игра се вклучени и Кристал Палас, Вилјареал, ХСВ, Ајнтрахт…
Пред неколку дена тренерот Александре Дужекс откри дали Анже има доволно сила да одбие профитабилни понуди.
„Дали клубот ќе може да одбие понуда речиси еднаква на годишниот буџет? Тоа е големо прашање. Секако, постои загриженост за потенцијалните заминувања, но така е, дел сме од економскиот систем кој за клуб како нашиот во голема мера се потпира на продажба на играчи. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави за француските медиуми.
















