Милан не играл толку лошо речиси пола век!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер славеше во дербито во Милано против градскиот ривал Милан со 1-0 со голот на Лаутаро Мартинез.

„Росонерите“ се во катастрофална форма и немаат победа од 4 јануари кога беа подобри до Салернитана, по што загубија на пет меча и двапати одиграа реми.

Тренерот Стефано Пиоли доби жестоки критики затоа што очигледно нема да го одбрани Скудетото до кое најблиску е Наполи.

Загрижувачки е и податокот дека Милан нема толку лоши резултати речиси половина век, односно во период од март до април 1974 година, кога ги предводеше Чезаре Малдини.

Милан во следно коло гостува кај Торино и ќе се обиде да ја прекина црната серија.