Милан повторно го враќа стариот играч?

Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, Милан го враќа Аквилани во своите редови.

Минатата сезона играше во Спортинг Лисабон но веројатно неговата авантура во Португалија заврши и пак се враќа на „Сан Сиро„.

Аквилани е дете на Рома а во кариерата играше во Трисетина, Ливерпул, Јувентус, Милан и Фиорентина.

За Милан играше во 2011/12 како позајмен играч од Ливерпул со 31 настап и еден единствен постигнат погодок.

За Аквилани е заинтересирана и Пескара.