Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вчера вечер заврши приказната помеѓу Јацин Адли и Милан.
Фудбалерот со пасоши на Алжир и Франција ја продолжува својата кариера на Блискиот Исток, во екипата Ал Шабаб.
Саудискиот тим веќе се пофали со новото засилување, а Адли реши да се збогува со навивачите на Милан.
„Ви благодарам многу за љубовта што секогаш ми ја давате, навивачи. Ви велам – стојте зад Алегри и тимот, зашто ја заслужуваат вашата поддршка. Бев и секогаш ќе бидам навивач на Милан, секогаш давав сè за тој дрес и никој не може да ми го одземе тоа.“
Цената на овој трансфер е околу 8 милиони евра.
Адли се приклучи на Милан во 2021 година, но веднаш беше вратен назад на позајмица во Бордо, а главно за време на својата мисија во Милан беше резервист, некогаш и на Круниќ, сегашен фудбалер на Црвена звезда.
Минатата сезона играше на позајмица во Фиорентина, а покрај споменатите клубови, вреди да се напомене дека кариерата ја започна во редовите на Пари Сен Жермен каде никогаш не доби шанса.