Милан се откажува од Чалханоглу, но ќе носи нов турски интернационалец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан е подготвен да се откаже од Хакан Чалханоглу ако некој тим во јануарскиот преоден рок понуди околу 20 милиони евра.

Сепак, евентуалното заминување на Чалханоглу нема да значи дека во клубот нема да има турски интернационалец затоа што Милан е заинтересиран во своите редови да го донесе Мехмет Зеки Челик.

Станува збор за играч на Лил, а јасно е дека и францускиот клуб е под сопствеништво на Елиот компанијата која го има во сопственост и Милан, па негов трансфер нема да биде стопиран.

Милан на Лил би му платил сума од околу 20 милиони евра.