Милан се подготвува за следната сезона: Извршени преговори за двајца фудаблери од Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако стана јасно дека Стефано Пиоли ќе остане тренер на Милан, сега клубот започна со активностите на трансфер пазарот.

Имено, во медиумите се појавија шпекулации дека во Милано престојувале претставници на двајца фудбалери од Ла Лига.

Агентите на Марко Рока од Еспанјол и Емерсон Ројал од Барселона преговарале за трансфер на нивните клиенти на „Сан Сиро“.

Голема е веројатноста младите фудбалери да бидат први засилувања за Стефано Пиоли во пресрет на новата сезона.