Милан се вклучи во борба за засилување од Лос Анџелес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Управата на Милан се вклучи во борбата за потпис на крилниот фудбалер на Лос Анџелес, Брајан Родригез.

Италијанските медиуми пишуваат дека веќе биле почнати контактите со фудбалерот, а речиси сигурно е дека Родригез наскоро ќе се врати во Европа.

Освен Милан, за услугите на Родригез се заинтересирани уште две италијански екипи, а тоа се Наполи и Сампдорија.

Овој млад фудбалер минатото лето го засили Лос Анџелес во трансфер вреден речиси 11 милиони евра.

Исто така, неговиот клуб ќе заработи околу 20 милиони евра без разлика каде ќе реши да се пресели.