Милан се збогува од Берлускони со негова легендарна изјава (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Силвио Берлускони почина во болница на 86-годишна возраст по неколкумесечно боледување од леукемија и инфекција на белите дробови.

Берлускони беше творецот на големите успеси на Милан, каде што помина три децении од својот живот, по што го напушти клубот и ја купи Монца.

Милан се збогува од својот поранешен претседател со една негова легендарна изјава.

„Милан жали за Берлускони и сакаме да испратиме порака до неговото семејство, соработниците и најпочитуваните пријатели. Сакаме да изразиме сочувство. Утре ќе сонуваме за нови амбиции, ќе создаваме нови предизвици и ќе бараме нови победи. Ќе го бараме тоа што го претставува доброто, силното и вистинското кое се крие во нас“, објави Милан.