Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан го контактирал Шалке за да се распраша за потенцијален трансфер на фудбалерот Матија Настасиќ.
„Спорт Италија“ пишува дека познатиот менаџер Фали Рамадани бил контактиран од Милан, па наскоро може да се очекува официјална понуда.
Клубот од „Сан Сиро“ го посакуваше стоперот на Ливерпул, Дејан Ловрен, но тој бил прескап, зашто вреди 25 милиони евра.
Од друга страна, Настасиќ е во најдобрите години (26), а има и искуство во Серија А, кадешто настапуваше за Фиорентина, пред да се пресели во Манчестер сити.
Настасиќ за репрезентацијата на Србија одигра 27 меча, но во последната година не доби повик поради караницата со поранешниот селектор Младен Крстајиќ.