Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хрватската фудбалска репрезентација ја победи Црна Гора со резултат 4:0 во четвртиот настап во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Избраниците на Златко Далиќ славеа со головите на Кристијан Јакиќ, Андреј Крамариќ, Иван Перишиќ и автоголот на Един Куч, продолжувајќи го совршениот низ во квалификациите, а до 82-та минута играше капитенот Лука Модриќ, кому тоа му беше 190-ти настап.
Модриќ денес слави 40-ти роденден, но сè уште игра на врвно ниво. По репрезентативните обврски се врати во својот нов клуб Милан, кој му го честиташе роденденот со посебно видео. Во тоа видео тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, вели дека Модриќ е извонреден со топката, додека видеото ги следи потезите на Модриќ на теренот во дресот на Росонерите. “Нема смисла да зборуваме за Модриќ, бидејќи нема да кажеме ништо што веќе не знаеме.