Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул покажа интерес за услугите на Жоао Гомес од Фламенго, но сепак премиерлигашот ќе има голема конкуренција од Милан.
Тренерот Јирген Клоп има потреба од засилувања по лошиот старт на сезоната, а исто така не е задоволен од Артур, па поради тоа сака да го купи 21-годишниот фудбалер во јануари.
Гомес игра за Фламенго од 2020 година, па привлече интерес од неколку гиганти, но има договор до 2025 година, па екипите ќе мора да се потрудат за да го купат.
Ливерпул веќе ги контактирал неговите агенти и се преговара за трансфер, но Милан чека во „заседа“ и наскоро ќе испрати понуда за Гомес.
Цената која треба да се плати за 21-годишниот играч изнесува околу 15 милиони евра.