Милер: Нашата цел е јасна, ќе биде убаво ако обезбедиме пласман на СП во Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Томас Милер не настапи против Македонија на првиот меч, кој го добија македонските репрезентативци, но сега ќе биде дел од реваншот кој се игра утре од 20.45 часот.

Ханси Флик ќе му даде шанса на Милер, а Германците се надеваат дека со триумф против Македонија ќе си обезбедат пласман на Светското првенство (СП), кое се игра следната година.

Милер постигна гол за победа во петокот против Романија и така ѝ помогна на Германија да направи чекор напред кон СП.

„Уживам на теренот. Против Македонија во март не играв и го гледав мечот, но сега сум дел од тимот. Имаме јасна цел, а тоа е пласман на СП што е можно побрзо“, кажа Милер.