Милевски ги избра 11 борци со кои ќе се обиде да ја расплаче Португалија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија во 20.45 часот ќе ја почне мисијата наречена Светско првенство, а пред себе го има фаворитот Португалија која на домашен терен пред 50.000 гледачи ќе се обиде да се пласира на Мундијалот во Катар.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски направи две измени во составот од тој што играше против Италија, па така во екипата се враќаат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов кои беа суспендирани.