Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски одржа прес-конференција пред утрешниот меч против фаворитот Германија, која успеавме да ја шокираме во првиот меч од квалификациите за Светското првенство во 2022.
Милевски кажа дека секој натпревар е посебен, па така и овој со Германија.
„Не би рекол дека победта со Лихтешнтајн ќе направи да влеземе по опуштено. Секој натпревар им своја тежина и со Лихтенштајн влеговме максимално сериозно што се виде на самиот терен. Не можам да кажам што би значело идеален натпревар против ваква репрезентација. Секако дека имаме и ние квалитети, па верувам дека и ние нешто ќе се прашуваме. Ние не би биле тука ако не се надеваме на резултат, ја респектираме Германија, но веруваме во својот квалитет“, вели Милевски.
Младите добро се справуваат со притисокот.
„Имаме шест млади играчи кои се приклучија, тие се наметнуваат и се справуваат со притисок. На нив е да го заслужат местото. Не можам да бидам незадоволен од она што го гледам на тренинзите. Но, како што кажав во иднина ќе мора да покажуваат дека заслужуваат да бидат тука. Ние имаме јасна цел и визија, сме во една фаза на создавање на нова физиономија. Сакаме да имаме конкурентен тим во квлификациите за Евро 2024 во Германија. Се до тогаш ќе искористиме за да изгледаме што подобро. Во овој момент имаме склоп на младост и искуство, поддршката од публиката секако ни помага за да ги оствариме зцртаните цели“, додава селекторот
Барди нема да биде во репрезентацијат и во овој натпревар поради повреда.
„Секако дека отсуството на Горан и посебно сега на Барди се чувствува. Горан повеќе не настапува за репрезентацијт, а неговиот допринос не само за репрезентацијта, туку и воопшто за фудбалот во Македонија е огромна. Ова ќе биде еден поразличен натпревар во однос на оној во Дуизбург и кај нив и кај нас има промени во репрезентациите“, кажа македонскиот стратег.
Натпреварот со Германија започнува утре во 20:45 часот.